07 Октомври, 2024
0.0258

Со швајцарски проект до поефикасно и инклузивно функционирање на Собранието на РМ

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамки на учеството на 138. Собрание на ИПУ во Женева,делегацијата на Собранието на РМ во Инерпарламентарната унија, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, имаше работен ручек со швајцарската делегација во ИПУ, предводена од Андреа Корони, шеф на Делегацијата.

На средбата се разменити информации за проектот за техничка парламентарна поддршка на Собранието, финансиран од Швајцарија и поддржан од Федералното Собрание на Швајцарија, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.

Шефот на швајцарската делегација во ИПУ, Корони, истакна дека проектот има цел да обезбеди техничка и институционална поддршка на Собранието на РМ, во неговите напори за дополнително подобрување на внатрешното функционирање, надзорот и законодавните капацитети, како и унапредувањето на транспарентноста и отчетноста пред граѓаните.

Успешната имплементација на проектот, треба да придонесе за носење поквалитетни закони и за подобро користење јавни ресурси, односно дополнително да ја зајакне улогата на Собранието во однос на извршната власт.

Според  претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, овој проект „Програма за поддршка на Парламентот“ ќе обезбеди поефикасно и инклузивно функционирање на Собранието на РМ, односно целокупно институционално јакнење, унапредување на неговата законодавна и надзорна функција и овозможување соодветен пристап во работата на Собранието за граѓаните, преку зајакната транспарентност и отчетност.

Тој се заблагодари за донацијата финансирана од швајцарските даночни обврзници и потенцираше дека целокупниот проект ќе го следи Управувачки совет и Советодавен одбор.

Подготвителната фаза на проектот се очекува да започне на 1 јули 2018 година. Џафери ги покани швајцарските колеги тогаш да го посетат Собранието на РМ и лично да се информираат за имплементацијата на истиот.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил