Со скратените пари за субвенции, власта удира по грбот на земјоделците
Објавено во: Агробизнис 30 Јуни, 2016 14:10
15 милиони евра помалку субвенции ќе добијат земјоделците со ребалансот на буџетот.
Опозицијата обвинува дека со скратените пари власта удира директно врз грбот на земјоделците во екот на болеста “Јазлеста кожа” која го сотре добитокот и кога е на повидок млечна криза.
„Се кратат пари за земјоделците кога раноградинарските култури се откупуваат по багателно ниски цени, кога 75% од оризот се уште е непродаден. Се кратат пари годинава, кога земјоделската пот и мака е крајно девалвирана. Власта во заминување со последниот ребаланс им го скрати и тоа на што последно се надеваа земјоделците – субвенциите за цели 15 милиони евра. Земјоделците треба да знаат дека се кратат пари за нив во услови кога со ребалансираниот буџет долгот на државата и на сите граѓани ќе се зголеми од 309 милиони евра на 344 милиони евра. За граѓаните – зголемено задолжување од 36 милиони евра, а за земјоделците помалку пари за субвенции од 15 милиони евра“, реагира СДСМ.
Наспроти кратењата во земјоделството, од СДСМ велат дека Власта го качува буџетот онаму каде што не е потребно. Министерството за внатрешни работи ќе добие зголемен буџет за 4,3 милиони евра,.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





