Со средства од ЕУ до зајкнување на капацитетите за органско производство
Објавено во: Агробизнис 06 Јуни, 2013 15:00
Зајакнување на институционалните капацитети и подобро функционирање на секторите за органско земјоделство е целта на проектот финансиран од Европската унија што ќе се спроведува во Македонија до мај 2014 година.
За овој период ќе биде направена анализа на институционалните потреби и ќе се идентификуваат производите кои можат да бидат со заштитна ознака и да се регистрираат во соодветни регистри. За спроведување на овие активности ќе бидат ангажирани меѓународни експерти кои ќе бидат вклучени во обуки, работилници и работни средби.
Проектот чини 700 илјади евра, а твининг партнер на македонското Министерство за земјоделство е Министерството за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија.
Во делот на заштитата на квалитетот планирано е да се воспостави сеопфатен систем за развој и заштита на квалитетот на земјоделските и прехранбените производи, додека во делот на органското земјоделство целта е да се формира стручен кадар, односно да се обезбеди професионална наобразба на човечките ресурси во Државната фитосанитарната лабораторија кои ќе ги изведуваат потребните тестирања поврзани со органското производство.
Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, спроведувањето на твининг проектот ќе придонесе кон воведување на нови политики и поддршка на реформите во делот на органското земјоделско производство и квалитетот на земјоделските производи.
- Главни корисници на овој проект ќе бидат институции од секторот земјоделство, но и производителите кои со прилагодувањето кон европските стандарди и исполнувањето на критериумите го подобруваат квалитетот на производите и стануваат поконкурентни на пазарот, рече Димовски.
Тој напомена дека Владата и Министерството за земјоделство во изминатите години направиле напори да го поттикнат и поддржат развојот на органското земјоделско производство.
Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека органското производство е предизвик за секој фармер и оти секој земјоделец мора да работи за да има добра репутација и поголем квалитет на земјоделските производи за да може да биде поконкурентен на странските пазари. Посочи дека во последните години во земјите од Европската унија се поголемо значење му се дава на органското производство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





