21 Август, 2024
0.0284

СО УМИСЛА И ОД КОРИСТОЉУБИЕ ГО УБИЛ ЕВТИМОВ, ОД СОПРУГАТА ОДЗЕЛ ЛАПТОП, А САКАЛ ДА ГИ УБИЕ И ПОЛИЦАЈЦИТЕ - многу гревови за убиецот од Мавровка

Објавено во: Македонија 21 Август, 2024

Добивај вести на Viber

По поднесена од кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 во врска со став 1 точка 4, кривично дело – Убиство по член 123 во врска со член 19 (во обид) и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 20 август, со пиштол марка „ГЛОК“ со калибар 9 милиметри, што го поседувал без дозвола, осомничениот на паркинг просторот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, позади ТЦ „Мавровка“, со умисла и од користољубие лишил од живот едно лице, по што од сопругата на жртвата одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил „Ауди“ без ргистарски ознаки. На местото пристигнало и второ возило „Цитроен“ со белгиски регистарски ознаки, од кое излегло засега непознато лице и од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат и исто така се оддалечило. Автомобилот „Цитроен“ вториот осомничен го оставил во Гази Баба и се качил во автомобилот „Ауди“, по што продолжиле да се движат, но на улицата „Стојна Стефкова“ биле пресретнати од полициски службеници. Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачка врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат. Четворицата полициски службеници во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот. Другото лице се дало во бегство и по него се трага“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството кај „Мавровка“ доби 30 дена притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството кај „Мавровка“ доби 30 дена притвор

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“: Еден од осомничените за помагање сам се предаде во полиција

ЗА УБИСТВОТО КАЈ „МАВРОВКА“: Еден од осомничените за помагање сам се предаде во полиција

АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план

АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план

БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија

БУГАРСКИ НОВИНАРИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО: Андреј Ковачев се жали на репресија

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА: Мерка за уапсениот за убиството кај „Мавровка“

ДОБИ ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА: Мерка за уапсениот за убиството кај „Мавровка“

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба