18 Декември, 2025
0.0577

Со вакво темпо на загаденост сме далеку од замислата на Шилегов за Скопје

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2018 11:56

Добивај вести на Viber

Потфрли ли скопскиот татко со ветувањето до граѓаните за намалување на загадениот воздух? Ова прашање се поставуваат граѓаните и јавноста откако Скопје се најде во топ десет листата на најзагадени градови во светот. Моментно се наоѓа на шестото место по загаденост во светот, според глобалната апликација ,,Ер Вижуал”.

Индексот го сочинуваат вредности од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод, натриум диоксид и озон, за Скопје покажа енормни вредности од 160. На првото место најзагадени градови во светот се најде Лахор во Пакистан, второто е за Њу Делхи, третото и четвртото место се резервирани за Ченгду и Пекинг во Кина, петтото место е за Шенуанг во Кина.

Кај мерната станица Ректорат во Скопје, беа измерени алармантни 240 ПМ честички на кубен метар, што е пет пати над дозволената граница. Граѓаните не забораваат дека Шилегов на предизборниот митинг во Скопје на 8ми октомври минатата година, рече дека здравјето на граѓаните и потребата од чист воздух се нивна ,,света должност” и нивна обврска.

Мерките и стратегиите на локалната власт за намалување на аерозагадувањето засега стојат само на хартија, а од решенија за запирање на загадувањето ни трага ни глас. Многубројни се доказите дека загадувањето предизвика илјадници смртни случаи во изминатите години и десетици илјади случаи на заболувања од рак, нарушувања на белите дробови и респираторните органи, срцето и други болести.

Од Шилегов во екот на изборната кампања беше ветена 24 часовна инспекција со дежурства на инспекциите вон работното време, покривање на најризичната точка – депонијата кај ОХИС со пестицидот линдан, формирање на зелени коридори, зголемување на буџетот за заштита од загадувањето, воспоставување на пешачка зона во центарот на градот и слично.

Дали ќе се зголеми динамиката со која Шилегов ќе почне да ја остварува бајковита замисла, дека до 2021 година Скопје ќе биде зелена европска престолнина останува да видиме.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје