19 Декември, 2025
0.0429

Со вчерашната акција во куманово пензиските друштва засадија вкупно 120 садници

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2022 12:20

Добивај вести на Viber

Вчера пензиските друштва отпатуваа во Куманово, во средното училиште „Перо Наков“. Таму го создадоа осмиот по ред „Пензиски парк“ во рамки на кампањата „Засади желба за поубава иднина“, со која се засадени вкупно 120 дрвја. 

Во акциите кои досега се реализираа во 8 училишта низ државата, претставниците на пензиските друштва заедно со учениците ги исчистија училишните дворови, ја подготвија почвата и засадија по 15 средно созреани листопадни садници. По завршувањето на овие активности, на учениците им беше предадена одговорноста да се грижат за нивните паркови како симбол за активниот удел кој тие го имаат во планирање на сопствениот живот и иднина. 

Од Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје објаснуваат дека сакаат да ја истакнат паралелата помеѓу долгорочните ефекти од садењето на дрвја и грижата која е потребна да им се посвети за да пораснат и да ја оплеменат животната средина, со долгорочноста на штедењето за пензија кое започнува од првото вработување и трае до зрели години. Тие велат дека грижата за дел од таа заштеда е токму нивна и трае со децении, но апелираат дека исто така е потребно и сите како индивидуи да се погрижиме да ја формираме таа заштеда.

„Пензиските системи на развиените земји и на многу земји во развој, каква што е и Македонија, се соочуваат со тројната закана од растечка долговечност на населението, паѓање на стапката на раѓања и буџетски минуси. Според една анализа на Global Findex, која обезбедува податоци на индивидуално ниво за употреба на финансиски производи во повеќе од 140 земји, само околу една четвртина од возрасните на глобално ниво штедат за старост. Мерките за зголемување на довербата во финансискиот систем, како и мерките за стимулирање на штедењето за старост, со даночни бенефиции или директни дополнителни уплати од државен буџет на доброволните пензиски сметки на граѓаните насекаде во светот се покажаа како исклучително корисна мерка и силно влијаат на зголемување на интересот на јавноста за подобрување на своите идни пензиски примања.

Затоа сме тука денес, да ви укажеме на вас најмладите дека треба навремено да размислувате еден дел од своите идни примања да ги намените за долгорочно штедење за стари години. Како што овие дрвја вистински ќе придонесат за почист воздух после 20 години, така и пензиската заштеда треба постепено, долгорочно со децении да се формира.“ – изјави во своето обраќање кон учениците Зоран Габеданов, Раководител на сектор за маркетинг и грижа за членство во Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Од пензиските друштва додаваат дека се среќни што целата кампања „Засади желба за поубава иднина“ беше безрезервно прифатена од директорите на училиштата, учениците, како и целата јавност, со што беше поддржано и остварувањето на целта да се едуцираат младите за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд преку информативни, едукативни и еколошки активности. Сето ова им дава уште поголем мотив да се потрудат ваквите акции да прераснат во традиција.

Во оваа прилика до присутните се обрати и директорката на училиштето, Мила Жибак Димковска.

„Како директор на СОУ„ Перо Наков“, сакам да ја искажам мојата благодарност до организаторите на овој настан, кои денес нѐ удостоија со своето присуство, но и со својата мисија, нашето училиште да биде дел од еден проект, дел од еден убав настан, кој се надевам ќе прерасне во традиција. „Засади желба, за поубава иднина“ е мотото кое ќе го одбележи овој ден, парола која ќе допре до сите нас. Денес, повеќе од кога и да е, е потребно да ја заштитиме природата за да можеме да дишеме чист воздух, да пиеме чиста вода, да јадеме здрава храна. Да ја заштиме природата не само денес, заради нас, туку и за идните генерации, за нашите деца да живеат безгржен и здрав живот.

Повеќе не е тајна дека живееме во ера на големи еколошки проблеми и во најголем број случаи самите ние сме виновни за тоа. Проблемот на екологијата е еден од глобалните проблеми на човештвото. Загадувањето на природата е секојдневие, актуелна тема на новото време. Токму затоа, секој од нас треба да даде свој придонес за зачувување на природата, затоа што помагајќи ѝ на природата, си помагаме на себеси. Секоја промена треба да започне од нас. Нека тој момент биде денес, затоа што утре е веќе доцна. Нашиот град е убав, но може да биде уште поубав, ако го сакаме, почитуваме и чуваме. Да ги разубавиме парковите, училишните дворови, со дрвја, со зеленило, кое ќе останат на генарациите кои доаѓаат. Нека нашите желби растат заедно со засадените дрвја.“ – изјави таа.

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ се достапни на веб страната www.penzija.mk 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии