29 Септември, 2024
0.0313

Со влегување во „Locusta Invest“, „KD Skladi“ ја зајакна позицијата во регионот

Објавено во: Економија 20 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Хрватскиот пазар на инвестициски фондови продолжува со преуредување на влегувањето во моќното словенско друштво „KD Skladi“ во „Locusta Invest“.

715 милиони евра вреди имотот со кој управува „KD Skladi“

KD“ доби одобрение од Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги (ХАНФА) за стекнување со 60 посто удел во темелниот капитал на „Locusta Invest“ - која според извештајот на ХАНФА од март - управува со речиси 200 милиони куни преку кеш и еден балансиран фонд и четири алтернативни фондови со приватна понуда. На прашање од Пословни дневник претседателот на Управата „KD Skladi“, Лука Подлогар, вели дека по добивањето на дозволата на ХАНФА, „KD“ ќе продолжи со постапка на добивање на сите потребни дозволи за спојување на „Locusta“ и нивните хрватски филијали, „KD Investment“.

„Со ова „KD“ ја зајакнува својата регионска положба и продолжува да ја следи стратегијата на создавање на водечко друштво за управување со имот во југоисточна Европа“, додал Подлогар. Инаку, за хрватски околности „KD“ е вистински гигант. Групата надвор од Словенија брои четири друштва за управување со вкупно 11 инвестициски фондови, пет во Хрватска, четири во Македонија и два затворени фонда во БиХ. „KD“ вкупно управува со 715 милиони евра имот, од тоа 630 милиони евра во Словенија. За споредба, „ZB Invest“ управува, со пресметани, 451 милиони евра.

200 милиони куни вредеше имотот на „Locusta Invest“ кон крајот на март

Во „Locusta“ не сакале да коментираат ништо порачувајќи дека наскоро спремаат соопштение за медиумите. За Изток Ликар, аналитичар на порталот Hrportfolio,, преземањето на „KD“ е продолжение на консолидацијата која е очекувана на пазарот и логично продолжение на развојот на пазар. „Со тоа KD покажа дека хрватскиот пазар му е важен и дека е позитивно што еден силен регионален играч покажал интерес за хрватскиот пазар. „KD Investments“ Загреб добро го покрива сегментот на инвестициски фондови, додека  „Locusta“ има солиден имот во конзервативните облици на вложување“, оценува Ликар.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија