20 Декември, 2025
0.1728

Со задоволство Ви го најавуваме комплексот Гранд Скопје – Златен Спонзор на Првата конференција за недвижности во Македонија

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2023 13:01

Добивај вести на Viber

Гранд Скопје и МГ Фешн ја препознаа иницијативата на Фортонмка за организација на Првата конференција за недвижности во Македонија.

Како Златен Спонзор Гранд Скопје ја поддржува идејата за едукација, споделување на искуства и успешни приказни, вмрежување и промовирање на квалитетни проекти.

Позициониран во строгиот центар на градот, комплексот Гранд Скопје има за цел да ја трансформира локацијата во главна градска артерија со што ќе ја редефинира урбаната слика на центарот, ќе го заживее градскиот дух и ќе прерасне во ново обележје на градот. Комплекс со мешана намена и објекти кои се карактеризираат со високо квалитетна архитектура, со архитектонски израз кој ќе остави впечатлив белег и ќе ја надополни силуетата на градот Скопје, Гранд Скопје нуди одлична средина за софистицираните вкусови на остроумните жители и напредните компании, кои се во потрага по современ простор, со услуги на дофат и локација со модерна инфраструктура.

„Првата конференција за недвижности е ретка можност за исклучителнапромоција на веќе етаблираниот бренд Гранд Скопје, но и претставување на севкупната визија на МГ Фешн за урбано домување по светски стандарди. Покрај промоцијата, ни претставува задоволство што ќе добиеме можност за вмрежување со други компании од индустријата и ќе можеме детално да ги претставиме придобивките од ваквите станбено-деловни комплекси за градот и граѓаните. Нашиот тим на професионалци ќе биде присутен на конференцијата и во панел дискусиите кои ќе послужат како дополнителна платформа за промоција на Гранд Скопје како вистински избор за сите оние кои сакаат да ја започнат својата приказна на свој начин во новиот центар на Скопје.“

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии