Со Закон ќе се регулира плаќањето на акцизи за тутунопроизводителите
Објавено во: Агробизнис 29 Јануари, 2016 10:48
Kомпаниите од тутунската индустрија (производители и увозници) нема да можат да прават шпекулативни залихи за одбегнување за плаќање на акциза.
Ова е еден од измените на новиот Закон за акцизи што е во собраниска процедура.
Оваа законска одредба всушност оневозможува на тутунската индустрија да имаат таложење на залихи кај дистрибутерот пред поскапувањето на цигарите со цел да се избегне плаќање на новите акцизи со што директно се оштетува буџетот. Со новиот закон ќе се проверува и магазинот на дистрибутерот и на тој начин нема да се дозволи одлевање на средства од буџетот.
Со член 14 се предлага при промена на акциза и при промена на малопродажна цена на тутунски добра производителот и увозникот да направат попис и записник на затечени залихи на тие добра во своите складови, надвор од истите и во складови на увозникот. Овластениот дистрибутер прави попис во својот склад и надвор од истиот и во складови на со него поврзани друштва и записникот за извршениот попис го доставува до Царинската управа.
Производителот и увозникот ја пресметуваат разликата од старата до новата акциза на затечената залиха кај себе и кај дистрибутерот и доставуваат барање за доплата на акциза до Царинската управа за кое добиваат решение од Царина да доплатат во рок од 30 .
Оваа измена е дел од европската регулатива за спречување на шпекулативните залихи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





