Со законски измени до поголеми земјоделски приноси
Објавено во: Агробизнис 29 Мај, 2013 19:17
Стигна до Собрание новиот Предлог - закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. Ова го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој посочи дека законот е направен по барање на земјоделците.
„Постојат строги критериуми и услови како ќе се одвива процесот на продажба. Но, државното земјиште издадено под концесија или под закуп не може да биде ставено на продажба ако не се добие согласност од концесионерот“, истакна Димовски за време на манифестацијата „Ден на полето за житни култури“ во Новосељане.
Според Димовски земјоделците во иднина подобро ќе ги обработуваат површините ако се во нивна сопственост и ќе бидат мотивирани професионално да се занимаваат со оваа дејност.
„Тоа воедно ќе значи и зголемување на приносите особено ако се користат сите мерки и технички достигнувања по примерот на Клечовце“, додаде министерот.
Од исклучителна важност е користењето сертифициран семенски материјал.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





