Со законските измени се воведуваат контролни маркици за брашното
Објавено во: Агробизнис 23 Јули, 2013 17:09
Измените на законот за квалитет на земјоделските производи што денеска беше поддржан од собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство предвидуваат брашното да може да се стави во промет само ако има контролна маркичка, со него ќе може да тргува исклучиво оператор регистриран за таа дејност, а количините што ќе се увезат ќе мора да се сместат во магацини со соодветни услови за чување и да се испитаат во овластени лаборатории за квалитет, содржина на влага, пепел,...
„Целта на измените е долгорочно регулирање на пазарот со брашно. Тие не се носат за уредување на пазарот само оваа година, туку напротив, од нив се очекуваат долгорочни ефекти“, рече ресорниот заменик министер Зоран Коњановски.
Според него, може јасно да се види дека последниве години цената на лебот и условите за откуп на пченица се релативно стабилни. Владата ќе проодлжи да ги штити интерсите на земјоделците, но и ќе внимава со своите потези да не повреди некои од договорите за трговија.
СДСМ ги поддржа измените со забелешка дека мерките за заштита на домашниот пазар предоцна се носат. Сличен беше ставот и на претседателката на Комисијата Ленче Николовска. Таа воедно укажа и на потребата од воведување зелена нафта.
„Неопходно е дологорочно решение за поголемо производство на пченица. Досегашните мерки за субвенционирање не се доволни. За поголемо производство, земјоделците пред сеидба треба да добиваат регрес за семе, заштитни средвста, ѓубрива“, рече Николовска.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





