СОБ со ново раководство, штрајкот се откажува
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
Синдикатот за одбрана и безбедност направил промени во раководството, поради како што велат неодговорното раководење на стариот претседател Ристо Ајтов.
За нов претседател е изберен Оливер Стојановски кој вели дека до смена дошло откако Ајтов пробал минатата година на незаконски начин да свика конгрес на синдикатот на кој сегашното раководство не било повикано, а за да го спречат тоа тие се обратиле до Министерството за труд и социјална политика со барање за привремено суспендирање на СОБ.
„Тогаш ние го формиравме иницијативниот одбор за спас на синдикатот, со цел за да ја спречиме приватизацијата на синдикатот бидејќи нашиот синдикат буквално функционираше како приватен синдикат на Ристо Ајтов. Тоа мораше да се спречи и повеќе неможеше да се толерира“, истакна Стојановски на денешната прес конференција.
Стојановски дополнува дека тие го оддржале вториот статутарен конгрес на кој донеле соодветни одлуки, а потоа доставиле документ до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за да ги отпочнат процедурите за законска смена на раководството на СОБ а од неодамна добиле решение од МТСП дека се уважуваат одлуките од конгресот и дека во Централниот регистар тој е заведен како претседател на СОБ.
Која е приказната на Ајтов?
Ристо Ајтов претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста, во разговор за Фактор открива дека му била пренесена порака за загрозување на неговиот живот, непосредно по најавата дека ќе поднесе кривична пријава бидејќи институциите дозволиле исклучен член нелегитимно со фалсификат печат и документи да се впише во Централниот регистар како нов претседател на Синдикатот. Штрајкот е најавен за в петок.
“Република Македонија ќе може со “гордост” да го носи епитетот на единствена држава во НАТО и Европа каде припадниците на Армијата штрајкуваат. Но да дадам мала ретроспектива на проблемите, Синдикатот на Одбраната и Безбедноста согласно статутот на СОБ и одлуките на органите и телата на СОБ на 10.12.2015 год. одржа Конгрес на СОБ. Потоа, поради непочитување на статутарните права и програмски обврски и нанесување штета на СОБ и неговите членови лицето Оливер Стојановски беше исклучен од членството. Од само нему познати причини, лицето Оливер Стојановски организирајки група од 21 лице, спротивно на Статутот на СОБ организираат т.н. “II статутарен конгрес на СОБ” на ден 16.01.2016 год. Лажно претставувајки се како член на СОБ (бидејки е исклучен од СОБ на 23.12.2015 год.) т.н. делегати на нестатутарниот конгрес донесуваат одлука за избор на Стојановски за претседател на СОБ. Иако знаат дека извршиле грубо прекршување на Статутот и дека без соодветна процедура и одлуки на легитимните органи и тела како и користење на документи без соодветен печат и деловоден број организирале т.н. “II статутарен конгрес на СОБ”, сепак лицето Оливер Стојановски на 26.04.2016 год. поднесува барање проследено со пропратна документација (без печат и деловоден број на СОБ) до Министерството за труд и социјална политика за упис на промените извршени во СОБ”- објаснува Ајтов.
Министерството за труд и социјална политика според него со допис се обратило до Синдикатот со укажување дека за промена на овластено лице за застапување е потребно да се достават заверени документи со печат. Но дописот како што вели наместо во Синдикатот на одбраната според за него нејасни околности стигнало до Стојановски, кој во име на СОБ повторно се обратил до МТСП и доставил документација со печат. Но печатот, тврди Ајтов видно се разликувал од синдикалниот печатот.
“Лицето Оливер Стојановски изработил печат на непостоечко правно лице и истиот го употребил како печат на СОБ на дописот до МТСП.Министерството врз основа на таквите документи донесува решение и истото го доставува до Централен регистар кој го запишува како овластено лице за застапување на СОБ. Свесен дека незаконски и нестатутарно и со фалсификувани документи со употребен лажен печат, успеал сам или со помош на лица вработени во МТСП да издејствува решение во своја корист (решението е потпишано со факсимил на Министерот за труд и социјална политика) сепак продолжува со своите незаконски постапки и врши злоупотреба на финансиските средства од сметката на СОБ, како и насилно влегување во канцеларијата на СОБ лоцирана на 8-ми кат во зградата на Сојузот на Синдикатите на Македонија”- додава Ајтов.
Повеќе прочитајте тука.