Собрале 25.000 евра и го отплатиле кредитот на докторот кој починал од корона
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
Српските граѓани собраа пари и отплатија кредит на лекар кој починал од коронавирусот.
Семејството информираше дека за 20 дена, колку што траела акцијата се собрани 25 илјади евра. Помогнале граѓани, но и бизнисмени.
„Ние сме првенствено благодарни на претставниците на Градската администрација, градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ, на чија иницијатива бизнисмените одговорија и собраа значителна сума од нешто повеќе од два и пол милиони динари (околу 21 000 евра). На кампањата за собирање средства се приклучи и локалната фондација „Квантокс“, преку која пријатели, колеги, пријатели, но и многу други платија пари за оваа намена и ги собраа и купија остатокот од парите, доволно за да го отплатат заемот. Семејството Благојевиќ им се заблагодарува на сите луѓе кои одговориле, ги платиле парите со кои е платен станбениот заем“, изјави Ѓорѓе Благојевиќ, братот на Слободан.
Благојевиќ(41), беше специјалист на ургентна медицина и почина на Клиниката во Белград, по 15 дена борба со вирусот. За време на епидемијата тој беше раководител на привремената ковид-болница во спортската сала „Младост“ во Чачак.
фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.