Собранието повторно заглавено, координацијата меѓу партиите одложена
Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 14:55
Парламентарните групи и на денешната продолжена координативна средба не постигнаа конечен договор за комплетирање на комисијата за избори и именувањ, па затоа најавија дека координацијата која се одржува зад затворена врата, ќе продолжи во 15:30 часот.
На вчерашната координација претставниците на парламентарните групи го договорија бројот на членовите со кои ќе бидат застапени во Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Согласно договореното, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса да бидат застапени со по еден чен.
И натаму главна пречка е кој да биде претседател на комисијата и од која партија треба да биде тој, дали од ВМРО-ДПМНЕ која има поединечно најмногу пратеници или пак од некоја од партиите која е дел од новото парламентарно мнозинство
Утврдување на предлогот за составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за закажување продолжение на Конститутивната собраниска седница.
Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.
Конститутивната седница на Собранието почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




