05 Декември, 2025
0.0372

Собраниска расправа за Законот за градежно земјиште

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2012 15:45

Добивај вести на Viber

  Пратениците расправаа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште во второ читање, а како продолжение на 45-та седница. Според заменик министерот за транспорт и врски Тахир Хани, со предложените измени  на овој закон се уредува процесот за откуп на државно градежно земјиште по пат на непосредна спогодба, а се дава рок за изградба само во случаите кога земјиштето се продава по пат на јавно надавање. Непочитувањето на рокот за добивање на одобрение за градење не е услов за раскинување на договорот за отуѓување на земјиштето, а за непочитување на оваа обврска се плаќа казна, додека средствата од наплатата на договорната казна треба да бидат 80% приход за општините и 20% буџетот на државата. Со измените се предвидува и електронското јавно наддавање да трае неограничено, се додека има понуди постапката да се продолжува, неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда, наместо како до сега, три пати по две минути. За опозицијата овие измени се на штета на општините, а  според нив, една од причините е што рокот на градба се продолжува бескрајно долго што им овозможува на сите заинтересирани да ги земат парите од овие објекти. За владејачкото мнозинство пак, предложените измени не се против граѓаните и општините, посочувајќи дека на 39 општини им е доделено да управуваат со државното неизградено земјиште. Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ рече дека нема да го поддржат законот, бидејќи е против општините и граѓаните и треба да легалзиира серија криминални објекти. Славе Гошев од ВМРО-ДПМНЕ пак истакна дека дел од забелешките на опозицијата биле прифатени од мнозинството и дека сите спорни околности околу јавното наддавање биле избришани. Изет Зеќири од Национална демократска преродба забележа дека со предлог-законот се отежнува процесот на децентрализација во делот на туристичките зони и автокамповите. Поради немање кворум и денеска не се гласаше предлог-законот за изменување на Законот за судовите, а беа донесени дополнителниот предлог-закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета и предлог-законот за странска информативна дејност во Република Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември