20 Декември, 2025
0.2622

Собраниска седница в понеделник, СДСМ нуди 45-дневна „пржинска“ влада

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2018 13:24

Добивај вести на Viber

СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ му понудил техничка, односно „пржинска“ влада за предвремени парламентарни избори, но наместо 100 денат, таа да трае 45 дена за да се запазат крајните рокови според преспанскиот договор, објави Телма. Телевизијата тврди дека следната собраниска седница треба да биде закажана в понеделник, откако е одлучено дека треба да се привршуваат сите комисиски активности. И доколку се донесе одлука за предвремени избори на таа седница би се распуштило Собранието, ова веќе ги става во игра новите можни датуми за избори 2 или 9 декември.

Собраниската седница е потврдена на 15 октомври в понеделник, но засега можноста за распууштање и прогласување предвремени избори не е во точките на дневен ред.

Преговорте се уште траат, а неофицилјно имало средби и меѓу лидерите на партиите. Утринава на координација пратеничките групи не разговарале за преговорите и сега се е оставено на политичка одлука внатре во партиите. 

Изворите на Телма од парламентот велат дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски ќе му биде наводно понудено техничка влада која ќе има мандат од 45 дена, а не сто дена како што браше тој. Сите овие партиски калкулации за сега се неофицијални. Дел од медиумите објавија дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека се под закана за животот ако ги поддржат амандманите во Собранието.

Најновиот предлог од ВМРО-ДПМНЕ е премиерот јавно да се откаже од договорот со Грција, да се оди на избори, а по изборите да се формира ново Јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО. СДСМ излегоа со толкување дека вчерашното обраќање на Мицкоски е под влијание на поранешниот лидер.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки