„СОЧУВСТВУВАМ СО ГРАЃАНИТЕ“: Мицкоски вели дека е чудно како се случуваат работите во претпријатија каде има кадри на ДУИ
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2025 10:54
Како влада ги преземаме сите мерки, да немате дилема. За Вадрадиште имаме и приведени лица кои ја користеле нелегалната депонија за да произведуваат метали и потоа нелегално да ги продаваат, рече премиерот Христијан Мицкоски.
„Од вчера има приватна агенција за обезбедување, здружено ангажирана од неколку општини. Истовремено, како влада и институции, преку општествено-одговорни компании обезбедивме градежна механизација која денеска ќе биде во полн состав таму. Вардариште е обезбедено, останува Дрисла. Дрисла вчера беше речиси санирана, но од некои чудни причини, при крајот на ноќта повторно пламна и за тоа ќе се позанимава МВР. Имав разговор со министерот, на линија сме со директорот на ДЗС и очекувам тој проблем да биде саниран. Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена ќе успееме да го санираме. Сочувствувам со секој граѓанин што го чувствува ова, но чудно е како во претпријатие каде има кадри на ДУИ, се случуваат вакви работи“, рече Мицкоски.
Вели дека за сето тоа, прво ќе се истражи, а потоа ќе се соберат докази.
„Како токму сега, откако успешно се справивме со пожарите, во околните држави имаше жртви, повредени, иселени градови, кај нас сето тоа беше успешно завршено цело лето и покрај диверзиите на почетокот на летото, наеднаш сега да се случува пред локалните избори. Вистинското прашање е кому ова му одговара. Сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, вели Мицкоски.
Според него, ќе има кампања со шпекулации од страна на опозицијата.
„Очекувам кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи на опозицијата. Ние имаме со што да излеземе пред граѓаните, што сме направиле изминатите 4 години во општините, изминатите 15 месеци откако сме централна власт. И ќе се обидеме да направиме разлика помеѓу оние седум години кога ДУИ и СДСМ беа во владата и овие четири години кога оваа коалиција управуваше со општините и овие месеци кога оваа влада управува со државата“, рече Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




