Добивај вести на Viber
Започна изградбата на уште еден трговско-забавен комплекс во Софија - „Plaza West“, кој се наоѓа во западниот дел на Софија во квартот Љулин каде што се гради западниот лак на обиколницата.
„Plaza West“ ќе биде на три нивоа и со површина од 25,6 илјади квадратни метри. Вкупната површина на новиот трговски центар е малку под 38 илјади квадратни метри. Ќе биде изграден и паркинг на две нивоа, кој треба да собира 725 возила. Проектот ќе чини околу 50 милиони евраи, соопштија инвеститорите.
Очекувањата се трговскиот центар да биде отворен на пролет идната година. Во него, помеѓу продавниците за облека, чевли и козметика, техника и супермаркет, ќе има и кино „Арена" со шест сали.
Главниот град на Бугарија, Софија се најде на 41-то место на ранг-листата на глобалната консултантска компанија „CBRE“ во однос на изградбата на нови трговски центри. Во овој момент во главниот град се градат уште два трговски центри -„ Soria Ring Mall“, веднаш до продавницата на „IKEA“, како и „Mega Mall“, кој исто така е во соседството Љулин.
Според податоците на „Forton“ трговските површини во Бугарија изнесуваа 704 илјади квадратни метри кон крајот на март. Во оваа фаза, пазарот уште е далеку под просекот на Европа. Така, ако во Бугарија комерцијалните области се распоредени на површина од 96,1 квадратни метри на илјада жители, на Стариот континент просекот е 250 квадратни метри на илјада жители.