20 Декември, 2025
0.0463

Софистицирано доживување и елегантно дополнување на ентериерот во домот

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2022 11:57

Добивај вести на Viber

Сите уживаме во времето поминато во нашиот дом, па токму затоа телевизорот станува повеќе од само домашен апарат кој служи за гледање на попладневните вести. Денес, екранот стана централното место во секој дом. За забава, релаксирање, вежбање, па дури и работа од дома. Токму затоа, потребно е да ги задоволува сите наши потреби.

Незаменливиот спој на QLED технологијата со серијата уреди на Samsung од 2022 година – телевизорите Neo QLed и The Frame, и проекторот The Freestyle - совршено ги комбинира овие трендови за да им даде на корисниците спој на форма и функционалност за максимално корисничко искуство, како и елегантно дополнување на ентериерот во домот.

Феноменално домашно кино

Вашиот дом може да биде сè што ќе посакате, простор за себе, за собирање со семејството, журка со друштвото, па дури и кино!

Со уникатната Samsung Neo QLED технологија, серијата уреди од 2022 година носи бесконечно многу иновации и функции што го прават Neo QLED совршен уред за уживање во филмови и претворање на вашиот дом во домашно кино, но и за уживање во серии, играње на видео игри, работа од дома и многу други активности. Дека Neo QLED се бескпрекорни во секој поглед говорат и бројните награди кои Samsung ги доби на светски реномираните натпревари. Имено, Neo QLED оваа година се здоби CES Innovation Award, беше Techaeris Editor’s Choice за 2022, додека на AVS Forum беше избран за Top Choice 2022. За тоа дека вашата желба за домашно кино ќе биде во целост исполнета, сведочи и наградата Best In Class 2022 на звучната лента HW-Q990B на AVS Forum.

Забава на секој чекор

Напредната технологија на проекторот Freestyle е имплементирана во неверојатно лесно куќиште кое тежи само 830 грама. Ова е уред кој се вклопува на сечија дланка, па токму затоа може лесно да го пренесете од една во друга просторија. Покрај малата тежина, Freestyle се издвојува и по својот елегантен и модерен дизајн кој совршено ќе ја одигра улогата на атрактивен додаток на секој ентериер - од дневна соба, кујна, бања па сè до спална соба, но и надворешни локации како балкони или дворови.

Она што го прави посебен проекторот Freestyle е тоа што на корисниците им овозможува неограничени опции. Станува збор за уникатен уред кој, во зависност од индивидуалните преференции на корисникот, може да биде проектор, паметен звучник или амбиентално осветлување. Гледањето филмови, слушањето музика и гејмингот се само дел од многуте можности, додека амбиенталниот режим на работа ја носи забавата на едно сосема ново ниво.

Покрај иновативниот дизајн и различните можности за користење, преносливиот проектор Freestyle се карактеризира и со иновативна технологија за неверојатна репродукција на аудио и видео содржини. Со функцијата auto-focus, која овозможува автоматско фокусирање, приказот на содржината секогаш ќе биде кристално јасен и детален, додека во исто време проекцијата може да се прилагоди до 100 инчи без губење на квалитетот. Понатаму, има функција за автоматско копче што автоматски ја изедначува искривената проекција и создава правоаголна слика, како и автоматско ниво за прилагодување на екранот на која било површина - од камен ѕид, плочки до кревет во спалната соба.

Уметничка галерија во вашиот дом

The Frame не е само уред за гледање на вашите омилени содржини, туку и врвен уред за животен стил кој го краси просторот со својот дизајн и го збогатува со своите можности. Телевизорот има тенка рамка од 24,9 мм одека широкиот избор на рамки во различни бои додава елеганција и изгледа како вистинска рамка за слика. The Frame може да се монтира на држач за ТВ или на ѕид за да добие изглед како во галерија.

Starry Night на Ван Гог во дневна? Прекрасно! Во центарот на телевизорот The Frame се наоѓа Art Store - сопствена уметничка претплатничка платформа. Во моменти кога не го користите телевизорот за совршено филмско доживување може да го користите амбиенталниот режим за да изберете едно од уметничките дела што сакате да ги репродуцирате на екранот, од богатата библиотека со слики и фотографии - и да ја претворите секоја просторија во уметност како галерија исполнета со најпознатите уметнички дела во светот. The Frame Art Store нуди повеќе од 1.500 уметнички дела од светски познати музеи и галерии како што се рускиот музеј Ермитаж, францускиот Лувр и шпанскиот музеј Прадо.

За повеќе информации за овие уреди посетете ја www.samsung.mk 

ПР текст

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии