16 Јануари, 2025
0.0424

Софтверски ќе се решава проблемот со нелегалните станоиздавачи во Охрид

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Решавање на проблемот со нелегалните станоиздавачи, активирање софтвер за пријавување гости и состојбата со викенд становите, се главна тема на денешниот состанок на претставници од Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид со надлежните институции.

Целта на состанокот, според секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, е решавање на проблемите во пресрет на претстојната туристичка сезона.

- Наша тенденција е во иднина да градиме елитен туризам. Туризам заснован врз основа на сите европски стандарди, пропишани во оваа област. Состанокот е почеток на внатрешна координација на сите надлежни институции со цел тоа да стане минато за Охрид. Наша заедничка заложба е од оваа година Охрид да го претставуваме во едно поинакво лице, кое ќе значи нов почеток, нов развој на туризмот, а несомнено главен дел од таа активност е преземањето сериозни мерки, рече Спасески.

Тој посочи дека се прават максимални напори софтверски да се поврзат Секторот за туризам и локален економски развој, СВР Охрид и Управата за јавни приходи. Гостите кога ќе пристигнат во градот да можат компјутерски да се пријават, а сите институции да имаат директен увид на бројот и начинот на сместување.

- На овој начин ќе се надминат проблемите кои години нананзад се провлекуваа во однос на нелојална конкуренција и сместување, под стандардите кои треба да се обезбедат, нагласи Спасески.

Викенд становите, според него, претставуваат нелегална конкуренција за сите што се занимаваат со туристичка дејност, но и оти има запуштени и што не се одржуваат, односно функционираат два или три месеци.

- За нас е особено важно одржувањето на заедничките простории, како што се ходници, паркови и слично, зашто во Охрид честа појава е во една зграда да има три стана во кои живеат постојани жители, а останатите да се викенд станови со кои имаме проблеми пред се од овој аспект. Во областа на туризмот свесни сме дека се нанесува штета пред се во делот со нелегално издавање на таквите станови. Тоа ќе ни биде во фокусот, подвлече секретарот на општина Охрид.

Сопствениците, додаде Спасески, имаат право на сопственост и да ги користат така како што тие сакаат, но наша грижа е заедно со надлежните државни институции да го спречиме нелегалното експлоатирање на тие станови. - Секој оној кој ќе сака да го издава сопствениот стан да си влезе во процесот на категоризација како што се пропишаните правилници и норми. Доколку не влезе, наша обврска е да ги категоризираме во нелегални станоиздавачи и да постапуваме соодветно со сите можности кои ни ги дава законот и соодветните правилници, рече Спасески.

Можеби ќе ве интересира

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија