20 Декември, 2025
0.3482

Согорување и загревање на тутунот, клучни разлики што треба да ги знаете

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2022 11:31

Добивај вести на Viber

Со децении се зборува за тоа колку чадот од тутун е штетен по здравјето не само на пушачите туку и на оние во нивната околина, пред сè поради повеќе од шест илјади штетни и потенцијално штетни материи кои се создаваат со согорување на цигарата. Но има надеж дека чадот од тутун може да биде протеран засекогаш.

Па, во што е проблемот?

Со еден збор - во согорувањето. Цигарата почнува да гори на околу 400 степени целзиусови. Тогаш тутунот почнува да гори и се создава чад од тутун преку кој пушачите внесуваат никотин заедно со илјадници други штетни материи. Во моментот кога ја палиме цигарата нејзината температура достигнува и до 900 степени, при што се произведуваат токсини како јаглерод моноксид и други.

„Луѓето пушат поради никотинот, а умираат поради катранот“

Тоа е познатата хипотеза изнесена од професорот Мајк Расел во 1976 година, основоположник на концептот за намалување на штети, која накратко укажува дека има помалку штетни начини пушачите да добијат никотин поради кој не се откажуваат лесно од оваа штетна навика. Многу пушачи кои сакаат да се откажат од пушењето поминуваат низ прилично тежок период на откажување, а некои дури и неколку пати се обидуваат да прекинат со овој порок.

Загревање, не согорување

Она што повеќето пушачи треба да го знаат е дека никотинот се ослободува од тутунот и на пониска температура, од околу 250 степени Целзиусови. Па така, потребната количина никотин од тутунот може да се добие и без согорување и сите придружни штетни материи кои произлегуваат од согорувањето и чадот од тутунот. Сè почесто и погласно, светските експерти од областа на јавното здравје укажуваат на подобра опција за сите оние пушачи кои сакаат да ги променат своите лоши навики, но не се подготвени целосно да се откажат од тоа. Тие наведуваат дека одговорот може да лежи во загревањето, односно во помалку штетните алтернативи кои се базираат на технологијата на загревање на тутунот, притоа наведувајќи ги основните разлики меѓу аеросолите и чадот од тутунот.

Што всушност е аеросол?

Важно е да се разбере фактот дека, иако целиот чад е аеросол, не сите аеросоли нужно имплицираат појава на чад. Аеросолот е комбинација од течни капки, цврсти честички и воздух, додека чадот од тутун содржи само цврсти честички. Аеросолот што се ослободува при користење уред за загревање тутун само изгледа слично на тутунскиот чад, но има значително различен состав, што е клучната разлика од користењето традиционални цигари. Уредите без чад кои го загреваат тутунот на температура од околу 350 степени не создаваат чад туку аеросол, а ваквото загревање испушта и до 95 отсто помалку штетни материи во споредба со цигарите.

Науката најде алтернатива

Благодарение на технологијата и науката, развиени се алтернативи кои не произведуваат чад и со тоа ги намалуваат ризиците. Овие производи не се целосно без ризик бидејќи користат тутун кој содржи никотин, кој, пак, предизвикува зависност. Со оглед на тоа што е утврдено дека всушност со согорувањето на тутунот се произведува најголем број штетни материи, со елиминирање на овој процес, уредите без чад значително го намалуваат нивниот број. Исто така, она што е важно да се нагласи е дека доколку се произведени според строги стандарди за квалитет и безбедност, а такви производи се достапни и на нашиот пазар, тие можат да бидат добра замена за луѓето кои инаку би продолжиле да пушат цигари. Овие производи не се наменети за малолетници.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии