Согорување и загревање на тутунот, клучни разлики што треба да ги знаете
Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2025 11:25
Со
децении се зборува за тоа колку чадот од тутун е штетен по здравјето не само на
пушачите туку и на оние во нивната околина, пред сè поради повеќе од шест
илјади штетни и потенцијално штетни материи кои се создаваат со согорување на
цигарата. Но има надеж дека чадот од тутун може да биде протеран засекогаш.
Па, во што е проблемот?
Со еден збор - во согорувањето. Цигарата почнува да гори на околу 400 степени целзиусови. Тогаш тутунот почнува да гори и се создава чад од тутун преку кој пушачите внесуваат никотин заедно со илјадници други штетни материи. Во моментот кога ја палиме цигарата нејзината температура достигнува и до 900 степени, при што се произведуваат токсини како јаглерод моноксид и други.
„Луѓето пушат поради никотинот, а умираат поради катранот“
Тоа е познатата хипотеза изнесена од професорот Мајк Расел во 1976 година, основоположник на концептот за намалување на штети, која накратко укажува дека има помалку штетни начини пушачите да добијат никотин поради кој не се откажуваат лесно од оваа штетна навика. Многу пушачи кои сакаат да се откажат од пушењето поминуваат низ прилично тежок период на откажување, а некои дури и неколку пати се обидуваат да прекинат со овој порок.

Загревање, не
согорување
Она
што повеќето пушачи треба да го знаат е дека никотинот се ослободува од тутунот
и на пониска температура, од околу 250 степени Целзиусови. Па така, потребната
количина никотин од тутунот може да се добие и без согорување и сите придружни
штетни материи кои произлегуваат од согорувањето и чадот од тутунот. Сè почесто
и погласно, светските експерти од областа на јавното здравје укажуваат на
подобра опција за сите оние пушачи кои сакаат да ги променат своите лоши навики,
но не се подготвени целосно да се откажат од тоа. Тие наведуваат дека одговорот
може да лежи во загревањето, односно во помалку штетните алтернативи кои се
базираат на технологијата на загревање на тутунот, притоа наведувајќи ги
основните разлики меѓу аеросолите и чадот од тутунот.
Што всушност е аеросол?
Важно е да се разбере фактот дека, иако целиот чад е аеросол, не сите аеросоли нужно имплицираат појава на чад. Аеросолот е комбинација од течни капки, цврсти честички и воздух, додека чадот од тутун содржи само цврсти честички. Аеросолот што се ослободува при користење уред за загревање тутун само изгледа слично на тутунскиот чад, но има значително различен состав, што е клучната разлика од користењето традиционални цигари. Уредите без чад кои го загреваат тутунот на температура од околу 350 степени не создаваат чад туку аеросол, а ваквото загревање испушта и до 95 отсто помалку штетни материи во споредба со цигарите.
Науката најде
алтернатива
Благодарение
на технологијата и науката, развиени се алтернативи кои не произведуваат чад и
со тоа ги намалуваат ризиците. Овие производи не се целосно без ризик бидејќи
користат тутун кој содржи никотин, кој, пак, предизвикува зависност. Со оглед
на тоа што е утврдено дека всушност со согорувањето на тутунот се произведува
најголем број штетни материи, со елиминирање на овој процес, уредите без чад
значително го намалуваат нивниот број. Исто така, она што е важно да се нагласи
е дека доколку се произведени според строги стандарди за квалитет и безбедност,
а такви производи се достапни и на нашиот пазар, тие можат да бидат добра
замена за луѓето кои инаку би продолжиле да пушат цигари. Овие производи не се
наменети за малолетници.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ
Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени





