17 Декември, 2025
0.1655

Сојузот на стопански комори отвори бизнис-центар за македонската дијаспора

Објавено во: Економија 29 Јули, 2013 14:09

Добивај вести на Viber

Во рамите на Услужната комора при Сојузот на стопански комори (ССК) започна со работа „Бизнис-центар за македонската дијаспора“  . Целта е да се вмрежуваат што поголем број на компании чие седиште се наоѓа надвор од Македонија и се управувани од страна на македонски бизнисмени во дијаспората, со компании-членки на Сојузот на стопански комори.

„Бизнис-центарот за македонската дијаспора претставува мост кој ќе ги поврзува компаниите од Македонија и дијаспората. Со своето делување ќе придонесува за зајакнување на деловната соработка која се базира на взаемен интерес и партнерски однос“ вели Даниела Арсовска, претседател на Услужна комора при ССК.

Арсовска вели дека преку овој бизнис-центар ќе се искористи големиот потенцијал на македонските компании во дијаспората во форма на знаење, искуство, размена на идеи, деловни контакти, а сето тоа, ќе се стави во функција на развој на нашата држава.

„Центарот има за цел да го зајакне образовниот кадар и да врши дистрибуција на бизнис информации од странство во нашата земја. Контактите и редовните средби на домашните и нашите бизнисмени во дијаспората ќе бидат од голема корист за да се согледаат сите можности за бизнис инвестиции и партнерства “, вели Арсовска.

Во соопштението на Сојузот на стопански комори стои дека долгорочна цел на „Бизнис центaрот за македонска дијаспора“ е подготовка на „Програма за економска размена со дијаспората и нови директни инвестиции во Република Македонија“, со што ќе биде моќен претставник на бизнис заедницата на Р.Македонија, кој ќе ги претставува економските интереси и потреби во различни области на македонскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас