Сомнителен „основач“ сака да ја спречи Левица да оди на избори
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2016 13:35
Извесен Жарко Петрески кој тврди дека е меѓу основачите на партијата Левица поднел судско барање за нејзино повлекување од учество на предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Oд Левица реагираат дека Жарко Петрески не е помеѓу основачите на партијата. Според нив тој најверојатно е манипулатор и ова значи дека режимот се уплашил од Левица.
Партијата добила известување од судот и дека ќе ја чекаат официјалната одлука, но дека тоа нема да ги спречи да продолжат со предизборните активности.
Во барањето до судот, подносителот Петрески наведува дека во октомври, од лица од партијата бил информиран дека централниот комитет на Левица на 16 октомври со мнозинство гласови донел одлука партијата самостојно да настапи на изборите.
Петрески во дописот до судот напишал дека оваа одлука, била во целост спротивна на статутот на Левица, и дека одлуки за учество или бојкот на избори донесувал пленум, а не централниот комитет.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




