16 Декември, 2025
0.0631

Сомнително: Зошто германскиот пилот би се убил ако очекувал венчавка и раѓање на дете?

Објавено во: Свет 30 Март, 2015 20:44

Добивај вести на Viber

Вистинска забуна настана во светските медиуми кои до детал известуваат за животот на копилотот Андреас Лубиц кој во смрт однесе 149 патници и членови на екипажот кога како што се претпоставува намерно го урна Ербасот А320.

Имено досега медиумите наведуваа дека стјуардесата Марија В. девојката поради која тој наводно се убил раскинала со него.

Меѓутоа, сега се појави средношколската учителка Катрин Голдбах (26) чие име прв пат се спомнува во медиумите. Таа сега тврди дека е негова девојка и дека е бремена со него.

Таа после падот на авионот кој леташе од Барселона за Дизелдорф отишла во Франција, мислејќи дека нејзиниот поранешен вереник е една од жртвите во несреќата.

Меѓутоа, кога стигнала на местото на несреќата сфатила дека Лубиц всушност е виновен за падот на Ербасот А320.

Се верува дека Голдбах недолго пред несреќата им рекла на учениците во училиштето во Крефелд, недалку од Дизелдорф дека „ќе стане мајка“. Била среќна што може да ја сподели веста и се радувала на идното мајчинство, а дури и планирала венчавка со Лубиц.

Иако планирале заеднички живот, постојат сомневања дека парот имал бурна врска полна со раскинувања во текот на седум години и дека Лубиц во последно време се гледал со уште една жена, спомнатата стјуардеса Марија.

Катрин сега ќе мора да се соочи со последиците на Лубицовите одлуку како и теретот дека токму тој е таткото на нејзиното дете.

Тие двајца се запознале како тинејџери пред да стане тој пилот. Работеле заедно во Бургер Кинг во неговото родно место Монтбаур, наведуваат германските медиуми. Заедно се преселиле во Дизелдорф и го делеле станот. Меѓутоа , Катрин била присилена да се отсели порад Лубицовата константна потреба и желба се да држи под контрола.

Се верува како токму нејзиното заминување би можело да биде „капката која ја прелела чашата“ и го навела на страшниот и безумен чин. Вестите за бременоста на неговата поранешна вереничка се појавија откако е објавен транскрипт од снимката на црната кутија на која се слушаат очајнички крици на патниците и чукањето на пилотот, кој со секира се обидувал да влезе во кокпитот и да ја преземе контролата над авионот.

Досега во медиумите како девојка на Андреас Лубиц се спомнуваше името на стјуардесата Марија В (26). Медиумите сега шпекулираат дали навистина се работи за Марија поради која Андреас и Катрин раскинале.

Потсетуваме, Марија В, која цело време се претставува како негова поранешна девојка раскажа дека Лубиц го најавил својот злосторнички чин.

-Кога слушнав за падот на авионот, веднаш во глава почнаа да ми одѕвонуваат неговите зборови: „Еден ден ќе направам нешто што ќе го промени целиот систем и по што сите ќе ме паметат и знаат по моето име“. Тогаш не знаев што значи тоа, но сега е јасно - раскажала за Билд стјуардесата.

Рекла и декаЛубиц често имал ноќни кошмари од кои се будел со повикот : „Паѓаме“.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?