20 Декември, 2025
0.1141

СОНЦЕ, МАГЛА, ОБЛАЦИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР: Еве какво време ќе имаме до крајот на неделава

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2023 07:00

Добивај вести на Viber

Променливо време ќе имаме до крајот на оваа недела.

Како што објави метеорологот Славчо Попоски, до крајот на оваа недела во земјава ќе има и сонце и облаци, а ќе има и магла и ветер. 

„До крајот на оваа недела во Македонија ќе се менуваат сончевите и облачните периоди, а нема да недостасува  и маглата по одделни котлични и речни долини, особено во утринските часови. Повремено ќе биде и ветровито, односно ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Под влијание на влажен и постуден воздушен бран од север, во петок ќе имаме врнежи од дожд од локален карактер и тоа на ниските места (градовите), на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Понекаде врнежите ќе бидат со умерен интензитет и ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог.

Во петок попладне и рано навечер снежната граница ќе се спушти до 1000 метри надморска височина, понекаде може и под 1000 метри.

Сепак за време на викендот повторно ќе имаме стабилно и суво време. Ветерот ќе ја намали својата брзина, па така по одделни котлини и речни долини повторно ќе се создават услови за појава на магла и на ниска облачност.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со повремен локален дожд и снег на околните планини во петок.

Наутро температурите до крајот на оваа недела ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 4 степени, максималните дневни температури пак ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, во петок поради продорот на постуден воздух од север тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

НАПОМЕНА: Според најновите анализи со кој располагаме, не се исклучува можноста после 25 декември територијата на Македонија повторно да биде зафатена од многу студен бран од Арктикот кој повторно би условил врнежи од снег во најголем дел од Македонија. Секако, ова е сеуште неофицијално, состојбата будно ќе ја следиме и навремено ќе информираме“ нагласи Попоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки