05 Декември, 2025
0.0459

Сонцето го „исуши“ квалитетот на земјоделските култури во Пелагонија

Објавено во: Агробизнис 27 Август, 2013 12:12

Добивај вести на Viber

Континуираните високи дневни температури го намалија квалитетот на земјоделските култури од годинешната реколта чија берба е во полн ек, оценуваат агроекспертите од битолскиот дел на Пелагонија. - Паралелно со бербата на земјоделските производи, се одвива и откупот, но за жал сушата го направи своето и го намали квалитетот, иако на пролет објективно очекувавме поголем квалитет посебно на пченицата и на тутунот во Пелагонија - изјави Илија Србиновски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола. Тој додаде дека годинава во битолскиот дел на Пелагонија собрани се околу 60.000 тони пченица, но со послаб квалитет наспроти ланскиот. Досега се откупени околу 70 отсто од вкупните количини лебно зрно, но откупот на произведеното продолжува. Србиновски потенцира дека ова лето е регистриран и послаб квалитет на тутунот и затоа од засадените површини ќе бидат собрани околу 2.500 тони тутун. Во битолскиот дел на Пелагонија во овој период од годината се врши собирање на фуражните, силажните и градинарските производи, индустриска пиперка и моркови, а на почетокот од идниот месец ќе почне бербата и откупот на доматите, информираат од подрачната единица на МЗШВ.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?