СОНЧЕВО И ТОПЛО И ДЕНЕСКА, ОД УТРЕ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ - еве какво ќе биде времето следниве денови
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2025 06:28
И во текот на денешниот ден не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 8 со 16 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 24 до 34 степени.
Во Скопје исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе биде 16 степени, додека дневната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови се очекува промена на времето. Иако температурите и понатаму ќе останат високи, сепак, се најавуваат и дождови во попладневните часови.
- Променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме - посочуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




