СОНК не ја прифати понудата на Владата, штрајкот продолжува утре
Објавено во: Македонија 17 Април, 2022 15:41
Претседателаството на СОНК не ја прифати понудата за зголемување на платите на наставниците за 10 отсто со гласање во Собранието во мај или јуни.
Тоа значи дека од утре нема враќање во училипните клупи, а градинките ќе згрижуваат само деца чии родители нема каде да ги остават. Ова е денешната одлука која ќе биде и соопштена на прес-конференцијата на синдикатот.
- Понудата не е прифатена бидејќи, како прво, е усна. Нема писмена форма. Како второ, 95 отсто од членството се изјасни дека не сака таква понуда. Жалиме што и понатаму училиштата ќе бидат отворени само за влез, но не и за настава, изјави Лена Спасеновска Поповска, регионален претседател на СОНК.
Ова го потврди дополнително и Јаким Неделков, претседателот на СОНК, на подоцнежната прес-конференција.
- Зголемувањата на платите од 10 отсто воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството, изјави синдикалниот лидер.
Тој рече дека спогодба мора да се потпише најпрво за да продолжи образовниот процес и им се извини на родителите на децата од училишна и предучилишна возраст.
Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто, а за тоа дали може да се намали прагот ќе одлучува членството.
- Порачувам да се трпение, да им укажам на родителите дека ние наставниците немаме часови на кои ги учиме децата за навреди. Сега читаме такви изрази од родителите упатени кон нас, а ние од нив бараме помош, поддршка и разбирање, рече Спасеновска Поповска.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




