06 Октомври, 2024
0.0263

Сопругот на Јанкулоска и се закани на Кацарска „за малтретирањето“ во деветиот месец од бременоста

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Влатко Илиевски, сопругот на Гордана Јанкулоска, и се закани на судијката Добрила Кацарска дека ќе ја пријави во Европскиот суд за човекови права затоа што ја малтретирала поранешната министерка за внатрешни работи со бројни закажувања на судски рочишта за случајот „Тенк“ кога таа била пред деветиот месец од бременоста.

Илиевски застапувајќи ја Јанкулоска како нејзин адвокат на комисиското сослушување денеска во Судскиот совет побара да биде разрешена судијката Кацарска и дека ќе ја пријави за пристрасност во Стразбур.

„Само да напоменам, Европскиот суд за човекови слободи и права има методологија да утврди пристрасност во водењето на постапката, користејќи објективен и субјективен тест“, наведе Илиевски, кој бара разрешување на Кацарска поради наводна намерна повреда на правичност на судењето и за груба повреда на судискиот кодекс.

Според Илиевски, Кацарска и го ограничила „правото на породилно отсуство во деветиот месец на високоризична бременост“ на Јанкулоска.

Јанкулоска е осудена на четити години затворска казна за незаконската набавка на мерцедесот од 600.000 евра, но нема да оди в затвор додека не одлучи највисокиот суд по нејзините жалби за пресудата и за начинот на водењето на судскиот процес.

Одбраната на Јанкулоска на рочиштето пред повеќе од 15 месеци образложи дека таа се наоѓа во болница за што била доставена и медицинска документација како потврда на патолошката бременост.

Согласно документацијата што ја имала Кацарска на увид, Јанкулоска веќе влегува во деветтиот месец од бременоста, па според тоа, не требало да доаѓа во судот во период меѓу 38 и 42 недела, односно две недели по крајниот термин за пораѓање.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил