Сопругот на Јанкулоска стана претседател на Инспекцискиот совет
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2016
Влатко Илиевски, сопругот на екс министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, официјално е именуван за претседател на Инспекцискиот совет, со одлука на Владата, која ја потпишал вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров.
Ова е објавено и во „Службен весник“. Тој претходно беше советник во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски, а во 2013 година стана и независен член на одборот на директори на Македонската берза за хартии од вредност.
На 18-ти август, Илиевски беше избран за в.д. претседател на оваа институција, а сега и официјално застана на чело на Инспекцискиот совет. Со ова тој стана прв човек на 28-те инспекциски служби.