28 Јануари, 2025
0.0264

СОПСТВЕН КАДАР И ВЕРБА ВО СЕБЕ

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Светската олимпијада започна! Претседателот на САД Трамп е на стартот на 110 метри со пречки. Европа се наоѓа уште на зимската олимпијада во Сараево од 1984 година, а Балканот едвај ја чека параолимпијадата ако може да постигне некој резултат кој ќе биде претставен како “светско чудо”

А кај нас, бизнисменот Живко Мукаетов кој е на крајот на својот мандат во македонската ракометна федерација покажа како треба да се верува во себе и како треба да се мотивираат другите. Едноставно, со градење на сопствени млади спортисти. Никогаш досега не сум гледал помотивирачки натпревари каде преовладуваат млади ликови полни со желба за докажување. Тоа е примерот кој треба да се следи.

Полека завршува најдолгиот месец во годината, последната недела од него ќе остане забележана како недела на промени во стратешките цели на Комората, како и недела која ќе отвори нови перспективи во Република Северна Македонија.

Прецизно, јасно и кратко!

Во четврток доаѓаат сите претседатели на Коморите од регионот да расправаат за инфраструктурата во функција на развој на бизнисот. Наредниот ден, Комората ќе обзнани неколку институции кои ќе бидат основа за унапредување на извозот.

Тоа значи дека преминуваме од зборови на конкретни дела. Национален совет за извоз, Институт за извоз и Клубот на извозниците ќе бидат централните алатки за поддршка на компаниите.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во овие операции, а пред сè на професорот Дарко Лазаров кој упорно ме убедуваше да ги забрзаме овие процеси. Денес, Клубот на извозници има веќе 200 членови, Институтот започнува со работа, а Советот во 2024 година одржа 3 седници.

Нема да бидат помалку интересни и наредните неколку дена. Конечно, очекуваме почеток на операцијата за користење на средствата од унгарскиот кредит и засилена законодавна иницијатива.

Исто така, во фокусот ќе биде и прашањето за борбата со корупцијата и сивата економија, како круцијални прашања во приоритетите на Комората. Минатата недела имавме и гости од Америка кои нè информираа за почетокот на иницијативата “Трите мориња” со која што конечно економија е пред политиката, што е наша заедничка цел. Се создава зона на бизнисот кој треба да го подигне нивото на животен стандард и профитабилноста на компаниите од Балтичкото, до Црното и Јадранското море.

Но, пред нас се исправаат и други предизвици. Тоа се: продолжување на научната конференција за нови технологија чија прва сесија беше во 2018 година, имплементацијата на анализата која се однесува на додадената вредност, зголемување на продуктивноста и иновативноста на македонските компании, формирањето на Совет за соработка со дијаспората, улогата на компаниите во заштитата и промоцијата на природното, културното и историското наследство на Македонија. Да сумирам, мора да продолжиме со уште пожестоко темпо во имплементација на нашите активности.

П.С. Подкастот на СКСМ и Трето уво продолжува со својата мисија, а таа е да афирмира млади бизнис лидери кои ќе го понесат товарот и ризикот на македонската економија во наредните години. Ви препорачувам внимателно да ги погледнете гостувањата на Глигор Цветанов од Макпрогрес – Виница и Виктор Мизо од Костал – Охрид, двајца докажани бизнис-лидери од внатрешноста.

Пишува Бранко Азески, претседател на СКСМ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните во петок ќе ги бојкотираат маркетите по примерот на Хрватите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните во петок ќе ги бојкотираат маркетите по примерот на Хрватите

САЊА БОЖИНОВСКА: Чест ми е да го применам меѓународното искуство од работа во 20 држави во областа на енергетиката

САЊА БОЖИНОВСКА: Чест ми е да го применам меѓународното искуство од работа во 20 држави во областа на енергетиката

ЕСМ: СДСМ непринципиелно бара АД ЕСМ да не почитува закони

ЕСМ: СДСМ непринципиелно бара АД ЕСМ да не почитува закони

Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија – средба Божиновска со германската стопанска комора АХК и заменик амбасадорот Фос

Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија – средба Божиновска со германската стопанска комора АХК и заменик амбасадорот Фос

ХРВАТИТЕ ИМААТ НАЈЕВТИНО ОБРАБОТЛИВО ЗЕМЈИШТЕ ВО ЕУ: Во која држава нивите се најскапи?

ХРВАТИТЕ ИМААТ НАЈЕВТИНО ОБРАБОТЛИВО ЗЕМЈИШТЕ ВО ЕУ: Во која држава нивите се најскапи?

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД КОЛАПС: За 2,5 милиони работници во Германија се бараат за 8 отсто повисоки плати, или најмалку за 350 евра

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД КОЛАПС: За 2,5 милиони работници во Германија се бараат за 8 отсто повисоки плати, или најмалку за 350 евра

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ го поддржа бојкотот на маркетите

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ го поддржа бојкотот на маркетите

БИЛ ГЕЈТС ЈА ГРАДИ СВОЈАТА ПРВА НУКЛЕАРКА - доби одобрение од државата, а ќе се служи со една иновативна технологија

БИЛ ГЕЈТС ЈА ГРАДИ СВОЈАТА ПРВА НУКЛЕАРКА - доби одобрение од државата, а ќе се служи со една иновативна технологија

ДРЖАВА ВО ДРЖАВА: Пензискиот фонд си изгласал директор без одобрување од Владата

ДРЖАВА ВО ДРЖАВА: Пензискиот фонд си изгласал директор без одобрување од Владата