Владеачката ВМРО-ДПМНЕ го поддржа бојкотот на маркетите
Објавено во: Економија 28 Јануари, 2025
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека го поддржува најавениот бојкот на маркетите закажан за в петок поради високите цени на производите. Трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи.
„Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос.
Истовремено за очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане“ велат од партијата.
Партијата на валст вели дека во моментов не постои економнска логика, односно посебна економска причина, за зголемувањето на цените.
„Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.