06 Декември, 2025
0.0287

Сопственикот на Комуникација.мк останува во притвор, земал мито за лажни вработувања

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2013 21:49

Добивај вести на Viber

30-дневен притвор му е изречен на Бобан Насев(31), сопственикот на информативниот веб портал Комуникација.мк кој вчера беше уапсен од полицијата. Насев се товари за повеќе кривични дела. Ветувал вработувања во министерста, во НБРМ, во повеќе владини институции, а давал и понуди за евтини социјални станови при што барал мито. Ова се само дел од делата за кои се товари, а како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Насев е приведен откако го пријавиле пет оштетени граѓани од различни градови. Тој се преставувал како висок владин функционер, па преку лажните ветувања за државни вработувања и станови успеал да изнуди околу 21.000 евра, но од полицијата се сомневаат дека бројката на оштетени граѓани е поголема. Во случаите кога оштетените немале пари, како што стои во полицискиот извештај, оштетените му плаќале на рати или во стока. Откако штипската полиција го повикала Насев на информативен разговор, тој во просториите на полицијата бил препознаен од страна на граѓаните кои го пријавиле. Од МВР информираат дека во полиција кажал дека ќе го користи правото на молчење. Како што посочуваат од МВР, Насев бил уверлив во своите тврдења, а ги повикаа сите граѓани кои ќе препознаат дека биле злоупотребени да го пријават во полиција. Насев и претходно бил евидентиран во МВР бидејќи има сторено повеќе дела измама и има над дваесет кривични пријави. За дел од нив, од полицијата соопштуваат дека и претходно лежел во затвор.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј