20 Декември, 2025
0.0564

Соработка на пограничните општини за полесен пристап до европските пари

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2013 19:33

Добивај вести на Viber

Со цел да се интензивира меѓуграничната соработка, како и да се олесни патот до ЕУ фондовите денеска Македонско-бугарската стопанска комора потпиша Меморандум за соработка и Југоисточниот плански регион. Во рамките на проектот „Регионален бизнис центар“, кој претходно беше формиран од општина Гевгелија во локални рамки, меморандумот треба да го забрза  протокот на европскиот капитал до локалните самоуправи. „Ова е само еден дополнителен мотив за запознавање на бизнис заедницата со авторитетите на локалната власт“, изјави Зоре Темелковски, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора. Стопанствениците сметаат дека соработката со пограничните општини од Бугарија е нова можност која треба да помогне во привлекувањето на средства од ЕУ фондовите за Македонија. Според градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, меморандумот ќе овозможи полесен пристап и достапност на македонските стопанственици до информации, но и до поддршка на нивните бизниси.На средбата со претседателот на Советот за развој на Југоисточен плански регион, Ванчо Стојанов, беше посочено дека развојот на мали и средни компании во областите на аграрот, преработувачката индустрија и наменскиот туризам се добра можност за општините од Југоисточниот плански регион.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии