18 Декември, 2025
0.2249

Соработката и интеграцијата на земјите од Западен Балкан за пристап до единствениот дигитален пазар на Европската Унија

Објавено во: Македонија 18 Април, 2018 16:42

Добивај вести на Viber

Во рамки на агендата на првиот ден на „Дигиталниот самит за Западен Балкан“ беше организиран работен ручек на кој присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, Претседавачот на Министерскиот Совет на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, премиерот на Република Косово Рамуш Харадинај, Заменик претседателката во Владата на Република Албанија Сенида Меси, министрите од владите на земјите на Западен Балкан, Еврокомесарите за соседска политика и проширување и за дигитална економија и општество, Јоханес Хан и Марија Габриел, државниот секретар во министерството за економија и енергетика во Владата на Сојузна Република Германија Томас Берејс, претставници на Европската инвестициона банка, и претставници на Советот за регионална соработка на земјите од Западен Балкан.

На работниот ручек централна тема беше важноста од интеграцијата на земјите од Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на Европската Унија.

За време на разговорот на работниот ручек, премиерот Заев ја истакна важната улога на „Дигиталниот самит  за Западен Балкан“, и на презентираната студија „Влијанието на дигитализацијата на просперитет на Западен Балкан“, како значајни импулси за земјите од регионот за да ја продлабочат соработката и поинтензивно да работат на дигитална трансформација којашто ќе придонесе кон раст на БДП, пораст на инвестициите во регионот, развој на старт-апи и отворање на нови работни места.

На редбата се разговараше и за иницијативата за институционализација на Платформата за бизнис пријателска средина (Business Friendly Environmet,BFE) како мултилатерална организација којашто ќе биде поддржана од владите во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми