18 Декември, 2025
0.0613

СОРАБОТКА МЕЃУ ДОМАШНИ И СТРАНСКИ КОМПАНИИ: Бизнисмените да излезат од канцеларија, бизнисот сам нема да им тропне на врата

Објавено во: Македонија 21 Април, 2018 07:13

Добивај вести на Viber

Соработката на домашните и странските компании е на многу ниско ниво. Ова вчера го кажа вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев .

Тој обраќајки се на „Конференцијата за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори - Можности и предизвици“, во организацијата на Стопанската комора на Македонија, Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет од Скопје посочи дека најголемиот дел од странските компании од вкупните трошоци издвојуваат само 1 % за набавки на стоки и услуги од македонски добавувачи.

Анализите покажуваат дека македонските компании најчесто не нудат квалитетни и евтини суровини па соработката со странците е под еден процент а според кажаното на вицепремиерот тоа се должи на фактот дека најголемиот дел од овие компании се во средината во ланецот на производството и нивните продукти се наменети за големи, мултинационални компании, па одлуките за локални добавувачи не можат да ги носат  брзо и самостојно и мора да го консултираат крајниот корисник. 

Анѓушев посочи дека  Владата ќе ја стимулира соработката помеѓу домашните и странските компании на тој начин што странските компании ќе добиваат поврат од 1% од вкупните средства за направени набавки, доколку 15% од набавките се направени од домашни производители.

Наспроти тоа за да се стимулираат  домашните компании Владата ќе обезбеди поврат од 10% од направената инвестиција, а доколку со истата се овозможи и зголемена конкурентност на пазарите во странство.

Штефан Петер од Совет на странски инвеститори пак посочи дека македонските бизнисмени треба да излезат од канцеларија и да ја слушаат побарувачката, а не само да произведуваат бидејќи како што посчи бизнисот е на улица и нема да им дојде сам на врата.

Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција