Сорос: 50:50 се шансите Грција да ја напушти еврозоната
Објавено во: Балкан 24 Март, 2015 18:12
„Шансите Грција да ја напушти еврозоната сега се 50:50“, смета милијардерот Џорџ Сорос, според кого Грција може да остане без пари.
„Сега ситуацијата е губитничка и најдобро што може да се случи е Грција да не наметнува никого. Грција одамна е неодложно прашање, кое беше погрешно лекувано од сите страни“, изјави 84-годишниот инвеститор во интервју за весникот „Блумберг“.
Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас треба да ги убеди доверителите да потпишат пакет економски мерки, за да се ослободат плаќања кои ќе ја задржат земјата. Од својата изборна победа во јануари грчкиот премиер се обидува да формира алтернативна програмата за штедење, што предизвика загриженост дека земјата може да ја напушти еврозоната.
Преговорите меѓу СИРИЗА и институциите за финансиската помош на грчката економија - Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд - може да доведе до „колапс, со што ќе дојде до заминувањето на зоната со единствена валута“, изјавил Сорос во интервјуто.
„Може да продолжат да ја стегаат на неодредено време да плаќа камати, без да биде отпишан долгот. Но, во исто време нема да има примарен буџетски суфицит, бидејќи Грција истече во каналот“, изјавил Сорос. Уште во 2012 година, тој изјавил дека шансите на Грција за напуштање на еврозоната се големи.
„Во моментов ние сме на крстопат и гледам можност и за двете веројатности“, изјавил Сорос.
Ципрас се сретна со германските пратеници во Берлин во вторникот, откако канцеларката Ангела Меркел го охрабри да го следи патот, дефиниран од кредиторите на Грција. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјавил во интервју за италијанскиот весник „Република“ дека очекува договор до крајот на оваа недела.
Лансирањето на квантитативните олеснувања од ЕЦБ во момент кога Федералните резерви на САД ги разгледуваат зголемувањата на каматните стапки „создава валутни флуктуации“, изјавил Сорос, еден од најбогатите луѓе во светот со состојба над 28,7 милијарди долари, акумулирани делумно преку мулти милијарди долари трансакции на девизните пазари.
„Тоа веројатно создава неколку одлични можности за хеџ фондови, но јас веќе не сум во овој бизнис“, додал тој. Сорос, кој е роден во Унгарија, изјави дека војната во источниот дел на Украина меѓу владините сили и бунтовниците го мачат најмногу.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




