20 Декември, 2025
0.0723

СОС Детското село во 2014 година ќе биде под целосна финансиска капа на државата

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2013 19:18

Добивај вести на Viber

За разлика од минатата финансиска година, кога Министерството за труд и социјална политика финансиски поддржуваше само три СОС семејства, од наредната 2014 година, државата целосно ќе ги финансира сите 12 семејства во СОС детското село. За таа цел, како што информираше денеска ресорниот министер Диме Спасов, ќе се одвојат шест милиони денари. Премиерот Груевски и министерот Спасов на дечињата од СОС Детското село денеска им подарија новогодишни пакетчиња и пакети со храна, а на барање на Детското село им беше доставен и електричен шпорет. - Како Министерство за труд и социјална политика ја продолжуваме соработката со СОС Детското село, односно директната финансиска поддршка на СОС семејствата. Во изминатата година финансиски беа поддржувани три СОС семејства, а од јануари 2014 година со договорот кој го потпишавме денеска со директорката на СОС Детското село се предвидува целосно финансиски да ги поддржиме сите 12 СОС семејства, изјави министерот Спасов. Тој посочи дека за секое од децата кои се згрижени во СОС Детското село месечно ќе се издвојуваат по околу 8.000 денари или вкупно за поддршка на СОС Детското село за 2014 година ќе се одвојат над 6 милиони денари. Директорката на СОС Детското село, Виолета Георгиевска рече дека лани Министерството поддржа три семејства со вкупно 15 деца, а во 2014 година ќе ги поддржи сите 12 семејства во кои во моментов живеат 66 деца.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии