Соседите на одмор, а за македонските граѓани нема спојување на Новогодишните празници!
Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2014
За време на претстојните празници во Македонија не е предвидено да се спојат празниците околу Нова Година.
Согласно Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на Новогодишните и Божиќните празници информираат денеска од кабинетот на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Додека за граѓаните од соседството ќе заминат на неколку дневен одмор, на граѓаните на Македонија за неработен им важи само 1 јануари четврток и 7 јануари среда – прв ден Божиќ.