Состанок на Македонско-унгарската комисија за економска соработка
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2013
Министерот за економија Ваљон Сараќини ја предводи македонската делегација на меѓувладината мешовита комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, чија прва седница ќе се одржи денеска и утре во Будимпешта.
Комисијата ќе заседава во рамки на четирите работни групи и тоа за развој на бизнис, соработка со мали и средни претпријатија и трговија, за енергетика, за земјоделство и индустрија и за туризам.
Во рамки на оваа прва седница на Комисијата се очекува да бидат потпишани неколку договори за соработка меѓу двете земји.
Делегацијата на Унгарија ја предводи Петер Сијарто, државен секретар за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на премиерот, воедно претседател на унгарскиот дел на Комисијата.
За време на престојот во Будимпешта министерот за економија Сарачини ќе има средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Меѓувладината унгарско-македонска Мешовита комисија е формирана согласно Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Унгарија склучен на 12 мај 2011 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.