Добивај вести на Viber
Денеска во Приштина Министерот за земјоделство се обрати на шестиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа.
Министерот Димовски истакна дека во 2012 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија со гордост ја имаше улогата на претседавач на Постојаната работна група за регионален рурален развој на ЈИЕ. Според министерот најзначајното достигнување на македонското претседателство е проширувањето на членството во Советот на SWG. Тој со задоволство ги информираше присутните дека Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина од набљудувач повторно го доби статусот на членка. Со статус набљудувачи, на SWG му се приклучија следниве институции: Федералното Министерство за земјоделство, шумарство, животна средина и водостопанство на Австрија, Федералното Министерство за храна, земјоделство и заштита на потрошувачите и Министерството за рурален развој на Унгарија. И на крајот, Секретаријатот за земјоделство и шумарство на Војводина, изрази интерес да го обнови статусот на членка во Советот на SWG.
Последен настан, истакна министерот Димовски, што беше организиран под претседателството на Македонија, одржан во Охрид, минатиот месец, беше Форумот за земјоделска политика 2012, настан кој има критична улога во зајакнување на развојот на земјоделството и руралните средини во ЈИЕ. Форумот 2012 беше посветен на имплементацијата на идните европски политики за земјоделство и рурален развој и нивното влијание врз земјите од ЈИЕ, но исто така се фокусираше на земјоделски практики кои водат грижа заживотната средина, климатските промени и регионалната соработка.
Главна цел на овој состанок, на која освен министерските делегации од регионот, присуствуваа и претставници на Европската комисија, ФАО, ГИЗ и други донаторски институции, е регионалната соработка и реформите во секторот за земјоделство и рурален развој во насока на ЕУ интеграциите и претпристапната помош.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.