Состанокот заврши - Филипче кажа што одлучиле
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Октомври, 2020
Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно, изјави министерот за здравство, Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заштита од заразни болести.
Филипче потенцира дека до викендот ќе знаа какви мерки и во која општина треба да воведат.
„Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле“, рече Филипче во живо на вестите на Сител, по завршувањето на средбата.
Дали ќе се намали работното време на угостителските објекти или да се намали бројот на маси ќе се знае по епидемиолошките прашалници.
Филипче не исклучува и затворање на градинки и училишта.
Денеска има висока бројка на заразени, односно 225, од кои најголем дел се од Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.