СОСТОЈБА ДЕНЕС: Нафтата се тргува за близу 35 долари за барел
Објавено во: Економија 19 Мај, 2020
Нафтата има стабилни цени близу 35 долари за барел.
На американскиот пазар се тргуваше со барел по 57 центи повисока цена – 32,39 долари, според договори за испорака во јуни.
Според јулските договори, со кои значително се тргуваше, цената беше непроменета – 31,72 долари
На лондонската берза цената на барел попладнево е скоро непроменета од претходната – 34,85 долари.
Толку изнесуваат цените на меѓународните берзи. Тие се поткрепени со индикации дека производителите го намалуваат производството и очекувањата за зголемување на побарувачката.И вчера нафтата бележеше скок на цените.
Претходните месеци, цената беше во минус.
Пандемијата со коронавирусот влијаеше на цените на нафтата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.