СОСТОЈБА ПОПЛАДНЕВО: Тетово и Кавадарци високо загадени
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024
Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека попладнево најзагаден е воздухот во Тетово и Кавадарци.
Во овие два града, воздухот е високо загаден. Гостивар, Кичево, Битола и делови од Скопје се со средно загаден воздух. Во другите градови, воздухот е ниско загаден или многу ниско загаден. Состојбата со квалитетот на воздухот варира од час во час. Деновиве, Скопје беше меѓу најзагадените градови во светот.