СОСТОЈБАТА ДЕНЕС: Има 69 оздравени и 4 починати лица
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Мај, 2020
Коронавирусот однесе уште четири животи.
Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 69 оздравени пациенти од корона вирусот и тоа во Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10 и во Гевгелија -1.
Потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3. Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава изнесува 1.494.
Од нив, оздравени се 807, а починати 81 лице.
Во моментов, бројот на активни случаи изнесува 606.
– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на Клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на Клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април“, наведоа од Министерството.
Во земјава епидемијата стивнува.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.