29 Септември, 2024
0.0260

СОВЕТ: Ако имате пари купете си злато

Објавено во: Економија 16 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Цената на златото продолжува да расте, достигнувајќи до највисоките вредности за последните три месеци во четвртокот како резултат на податоците за пониски производствени цени, кои ги подгреаа надежите дека Федералните резерви (ФЕД) ќе ги одложат зголемувањето на американските каматни стапки. Најактивно тргуваните договори, за испораките во јуни, поскапеа со 7 долари, или 0,6%, достигнувајќи до 1225,20 долари за унца на New York Mercantile Exchange. Тоа е највисока вредност од 13 февруари наваму, кога цените завршија на 1227,10 долари за унца. Американскиот индекс на производствените цени, кој ги мери цените добиени од бизнисот за неговите стоки и услуги, падна за 0,4% во април во однос на март. Цените на основните услуги, без храна и енергија, се намалија за 0,2%. Очекувањата на економистите беа за зголемување од 0,1%, како на цените на сите услуги, така и на основните. Поради знаците дека инфлацијата во САД продолжува да биде умерена, ФЕД најверојатно повторно ќе го одложи зголемувањето на каматните стапки, што ја фаворизира цената на златото. На благородниот метал му е полесно да се натпреварува со профитабилни средства кога каматните стапки се блиски до нулата. Многу инвеститори посочуваат дека серијата разочарувачки економски податоци во последно време е една од причините централната банка на САД да го одложи зголемувањето на каматните стапки за подоцна во текот на втората половина на 2015 година "Податоците се прилично слаби и со секој изминат ден зголемувањето на каматните стапки се оддалечува се повеќе", вели Бил О'Нил, ко-основач на инвестициската компанија Logic Advisors. Според О'Нил благодарение на совладаната инфлација во Европа и во други држави светските каматни стапки, најверојатно, ќе останат ниски, што пак обезбедува поволна средина за зголемување на цената на златото. "И сепак не мислам дека пазарот е подготвен да се истрела до 1500 долари", вели тој, но додава дека цените можат да достигнат 1.250 долари за унца во следните неколку недели. Цената на златото црпи сили и од слабиот долар. Индексот на доларот WSJ Dollar Index кој го следи нивото на американската валута во однос на други меѓународни валути, неодамна падна за 0,1% до 84,25. Златото се тргува во долари и е поевтино за инвеститорите кои користат други валути кога зелената валута ја намалува вредноста. "Пониските нивоа на доларот укажуваат на купување на повеќе злато", вели Дијев Мегр, директор на Одделот за трговија со метали во High Ridge Futures во Чикаго. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија