07 Октомври, 2024
0.0256

Совет за етика: Алсат М го прекрши кодексот на новинари за случајот со „МХЕ Тополки“

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Советот за етика во медиумите смета дека телевизијата Алсат М со прилогот насловен „Службеници кои се посомневале за „Топoлки“ на Анѓушев завршиле зад решетки“ го прекршила Кодексот на новинарите на Македoнија.

Жалбата ја поднела лично компанијата  „МХЕ Тополки“ со навод дека во прилогот се известува неточно и нефер и дека ја немало втората страна. Според жалителот во објавената содржина недвосмислено се имплицира и се инсинуира дека „Друштвото МХЕ Тополки” е поврзано со истражни и судски процеси, кои што во никој случај не се ниту блиски до работата на друштвото. Од „Тополки” посочуваат дека авторот само навел процеси и активности без да се следи прецизниот календар на случувања и дека во ниту еден момент не побарал изјава од Друштвото.

Од Алсат М телевизија одговориле дека категорично ја отфрлаат жалбата како неоснована, зашто како што посочиле, во текстот биле запазени сите новинарски и етички стандарди.

Станувало збор за серијал прилози на истата тема и дека нивната содржина била поткрепена со повеќе јавно објавени документи со обележани датуми и со  тек на случувањата. Телевизијата ги отфрла и забелешките на  МХЕ Тополки” дека Алсат инсинуирал поврзаност на предметот „Шпански скали” и апсењето на двајцата службеници, кои учествувале во подготвувањето на документот испратен до Државното правобранителство со кој се бара правно мислење за дадениот закуп на државното земјиште.

Комисијата за жалби одлучила дека жалбата на МХЕ Тополки е основана и дека Кодексот на новинарите на Македонија е прекршен во членот 1.

„Комисијата заклучи дека прилогот на Алсат-М во најголем дел е професионален и етички, но дека сепак авторот отстапил од основното новинарско правило, да побара став од сите засегнати страни, во случајов, и од фирмата „МХЕ Тополки”. Со тоа, медиумот ќе обезбедел целосна и уште пообјективна информација, наместо да смета дека е доволно да се обрати само до Владата, која е само една од страните во новинарскиот производ.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил