Советник од Струга го напушти Зијадин Села
Објавено во: Македонија 26 Март, 2017 20:00
Абдула Ќазимоски екс претседател на советот на општина Струга од пред некое време е и поранешен член во партијата на Зијадин Села, Движење за реформи на ДПА.Тврди дека првите луѓе на партијата манипулираат со членовите и граѓаните, застапуваат идеологија која ги задоволува и им одговара само на поединци од врхушката.
Дополнително Ќазимоски обвинува дека изминатиот период се случувале апсурдни ситуации и местенки со провокација тој да го напушти членството и позицијата во советот.
Според Ќазимоски не постои никаква платформа однадвор која ги застапува интересите на Албанците. Истата е направена во земјава и ги поддржува само интересите на поединци од албанскиот блок.
Вели дека во неа на никој начин не е загрозена унитарноста на земјата туку позицијата на неколкумина. Потенцира дека токму од таа причина во внатрепартиските односи во партијата одамна владее тензија и незадоволство кај членовите.
Денеска никој од Алијансата не беше достапен за одговор на обвинувањата на поранешниот член. Ќазимоски најави дека ќе настапува независно, и самостојно ќе ги застапува правата на Албанците.
Извор: 24vesti.mkМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




