Советникот на Мицкоски му порачува да си даде оставка ако загуби на избори

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2019 21:39
Доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби претседателските избори во април, одговорноста ќе биде лична на Христијан Мицкоски и тој треба да се повлече од лидерската функција во партијата, вели Ивица Коневски во студиото на 24 Вести.
Поранешниот осумгодишен градоначалник на Аеродром не очекува заради неговите различни ставови да биде исклучен од партијата, како што тоа беше случај со дел од неговите сопартијци, но вели дека потребно е внатрепартиско обединување.
- Тоа ќе значи промена во врвот на партијата а се со цел да дојдат луѓе кои ќе ги обединат сите наши членови и да ја добијат довербата на граѓаните. Мицкоски ќе треба да продолжи со својата работа во партијата рамо до рамо со нас, можеби не на лидерското место, но сепак и тој има свои квалитети и може да придонесе во подобрувањето на состојбите на партиско и на државно ниво - рече Конески.
Тој не е дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но има функција како советник на Мицкоски за Град Скопје. Истиот став го сподели и лани во декември.
„Многу беше погрешен пристапот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со исклучување на членови. Многу од членовите се дистанцираа од самиот претседател, а има и голем број кои воопшто не доаѓаат во партија само заради тие политики на поделби на предавници и патриоти. Тоа беше погрешен чекор и самата партија ја носи во погрешен правец“, рече тогаш за СДК.
Можеби ќе ве интересира
АКО „ПАЈАК“ ВИ ГО ОДНЕСЕ ВОЗИЛОТО, ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ НА НОВА ЛОКАЦИЈА: Ново депо на Општина центар
„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“
